Грчева: Оние кои се обвинети, сами си го напишаа Законот за амнестија

by fokus

Поранешната пратеничка Солза Грчева во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека носењето на Законот за амнестија е коруптивен процес.

-Ова го гледам како димна завеса. Единствени кои се помирија се пратениците во Собранието, бидејќи законот помина без ниту еден глас против. Помирувањето треба да биде општествено. Ова е само легализација на поткупот на пратениците. Беше потребно двотретинско мнозинсто и за тоа не бираа средства. Наеднаш оние кои ги отворија вратите во Собранието, станаа најголеми европејци. Ова е еден коруптивен процес и ништо повеќе од тоа. Замислете, оние кои се обвинети, сами си го напишаа Законот за амнестија, рече Грчева.

Поврзани новости