Грчев: „Скопје 2014“ не беше приоритет овие 3 години, спомениците треба да се преместат

by Фокус

Во работната група основана од министерот за култура во 2017 година за анализа и справување со проектот „Скопје 2014“ изготвувавме елаборати, но тие заглавија на патот меѓу министерството и Владата, вели универзитетскиот професор Мирослав Грчев, кој е член на работната група.

-Сите планови на објектите на овој проект се неуставни. Како работна група решивме да работиме објект по објект, споменик по споменик. Во минатите три години владата се фокусира на геополитички и егзистенцијални прашања, ова не беше приоритет –  рече Грчев на Канал 5.

Според него, потребно е уривање на Порта Македонија и куќата на Мајка Тереза, додека спомениците треба да се дислоцираат.

-Не е направена студија колку чичи демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени. Уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра. Мајка Тереза за два пати помалце – рече Грчев.

Поврзани новости