Општина Кавадарци доби грант од германската КФВ банка, во вредност од 2,2 милиони евра.
Проектот опфаќа реконструкција на атмосферската канализација, но и одвојување на фекалната од атмосферската на повеќе улици.
Градоначалникот Митко Јанчев и претставници на германската банка денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на атмосферската канализација на улица „Вардарска“.
-Кавадарци ќе наликува на едно градилиште, додека се изведува проектот во наредните девет месеци. Поради зафатите кои ќе се реализираат, ќе се случи забавување во сообраќајот, замолуваме за трпение од граѓаните, потоа сите улици ќе бидат вратени во првобитната состојба.
Ова е успех за жителите и општината, трајна инвестиција за наредните 70 години, бидејќи во минатото градот имаше проблеми со атмосферските води – изјави градоначалникот.
Вики Клинчарова