Програмата за поддршка на финансирање на зелената економија (GEFF) повторно се проширува, благодарение на успешната соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој. Во насока на промоција на инвестициите во зелени технилогии, ЕБОР обезбеди грант од 1,5 милиони евра, средствата наменети за поддршка на домаќинствата кои планираат да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Една од главните придобивки кои програмата GEFF ќе јаобезбеди за клиентите на ПроКредит Банка е можноста за поврат на средства во висина до 20% од вредноста на доделениот кредит за инвестиции во „зелени технологии”, како: соларни панели, котли, топлински пумпи, прозорци и изолација.
“Продолжуваме со успешната соработка со ЕБОР во поддршка на домаќинствата во Македонија кои сакаат да направат енергетски ефикасни инвестиции и зголемување на енергетска независност, што е од особено значење во сегашни услови на зголемување на цената на електрична енергија. За таа цел потпишавме нов договор со ЕБОР преку програмата GEFF со која може да пласираме кредити за инвестиции во фотоволтаици, системи за ладење и греење, топлински пумпи, прозорци и врати, внатрешна и надворешна изолација. Главен бенефит за клиентите е грант или поврат на направените инвестиции до 20%. Ова претставува дел од нашите заложби за градење одржлива и “зелена иднина” и е во рамките на корпоративната филозофија на ПроКредит Банка за посветеноста на промоција на еко-инвестиции кои ќе направат вистински импакт во општеството “ – изјави Стевче Кузмановски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.
Повеќе информации за новата GEFF кредитна линија на ПроКредит банка може да најдете на: https://www.pcb.mk/geff-programa-za-eko-kredit.nspx
ПР текст