Граничната полиција фати албански државјанин кај Струга кој илегално влегол во земјата

by Fokus

Граничната полиција вчера фатила албански државјанин во Струга за нелегален риболов и илзегално преминување на државна граница, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Од МВР  велат дека лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

„Вчера во 12.00 часот на подрачјето на Струга, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го привеле А.Т.(37) од Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ казниво по член 229 од Кривичниот законик и илегално преминување на државна граница казниво по член 9 од Законот за гранична контрола“, соопшти МВР.

Поврзани новости