Гранде Пандев за пласман на Македонија на ЕП!

by fokus

Македонија во делириум. Големиот Горан Пандев донесе радост за цела наша нација откако беше единствен стрелец за пласман на нашата селекција на ЕП 2021 година.

Националниот тим на Македонија славеше минимално над Грузија со резултат 1-0 на гостувањето во Тбилиси, откако Пандев искусно го совлада голманот Лорија.

По здодевното прво полувреме, во кое немаше шанси на двете страни, во вториот дел Македонија почна да игра поангажирано. По десетина минути игра во вториот дел, Македонија дојде до посакуваното водство. Се започна со акцијата на Елмас кој ја измеша одбраната на Грузијците, асистираше до струмичанецот, кој без никаков проблем ја смести во мрежата на домаќините.

До крајот на мечот, Елмас имаше одлична шанса да го зголеми водството, но резултатот остана непроменет.

Ј.Ц.

Поврзани новости