Гранатирани градови во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје

by Fokus

Руски ракетни и артилериски напади погодија градови и области во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, соопштија денеска украинските власти.

Гувернерот на Днепропетровската област, Валентин Резниченко изјави дека делови од Никопол, поради силните ракетни напади во текот на ноќта, останале без електрична енергија. Во гранатирањето во Марханец оштетени се десет станбени објекти.

Во градот Запорожје, на околу 40 километри од нуклеарната централа, две лица се ранети синоќа при гранатирање, изјави членот на градскиот совет Анатолиј Куртев.

Поврзани новости