Гранатирана православна црква во Газа: Преживеани сведочат дека немало предупредување од Израел

by Fokus

Во експлозија доцна синоќа во православна црква во Појасот Газа, има мртви и ранети, соопштија палестинските власти.

Според информациите, храмот бил погоден во израелски напад, а таму се криеле палестински бегалци.

Директорот на болницата „Шифа“, Мухамед Абу Селма, утринава објави дека има мртви и ранети, но не можеше да го каже точниот број на жртви бидејќи многу тела сѐ уште се под урнатините.

Според непотврдени извештаи, најмалку две лица загинале.

Ерусалимската патријаршија го осуди нападот и рече дека ќе ја исполни „својата верска и хуманитарна должност“ да обезбеди помош.

Еден од преживеаните изјави за катарската телевизија на арапски јазик „Ал џезира“ дека немало предупредување од израелската армија пред нападот.

Црквата се наоѓа во населбата Ал-Зајтун во Стариот град и го добила името по свети Порфириј, таа била претворена во џамија во седмиот век, а нова црква била изградена во 12 век за време на крстоносците, наведува „Асошиетед прес“.

Поврзани новости