Израелски авиони утрово извршија воздушни напади во близина на најголемата болница во Газа, која е полна со пациенти.
На тоа место има и десетици илјади Палестинци кои бараат засолниште, пренесува АП.
Израел соопшти дека водачите на милитантната група Хамас имале команден центар под болницата, без да обезбеди многу докази, објави американската новинска агенција.
Нападите се случија еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „втора фаза“ од израелската војна против Хамас. Копнените сили влегоа во Газа на почетокот на викендот, додека Израел бомбардираше цели на Хамас од воздух, копно и море.
lsraeli warplanes bomb a house in Khan Yunis camp, southern Gaza Strip. pic.twitter.com/8Fx6xIVdSl
— Plestia Alaqad | بلستيا العقاد 🇵🇸✨ (@byplestiaa) October 29, 2023
Жителите на Газа изјавија дека последните напади уништиле голем број патишта кои водат до болницата Шифа во градот Газа, во северниот дел на опколената територија. Тел Авив повторно им соопшти на жителите на овој дел од Газа да се евакуираат на југот на Појасот.
Сепак, десетици илјади луѓе се засолниле во близина на болницата Шифа, која е полна со пациенти ранети во воздушните напади.
„Да се дојде до болница сега стана многу тешко. Се чини дека (Израелците) сакаат да ја отсечат областа“, велат очевидци, додавајќи дека израелските напади во изминатите два дена беа „најсилните и најинтензивните“ од почетокот на војната.
Израелската армија се уште не ги коментираше извештаите за напади во близина на Шифа.