Гранатиран Миколаев, десет цивили загинаа

by fokus

Десет цивили загинаа, а 46 се повредени во жестокото гранатирање на руската армија над украинскиот град Миколаев. Ова вечерва преку видео изјава го соопшти градоначалникот Александар Сенкевич.

Во првиот напад на руската армија во 04:00 часот по Гринич (шест часот по македонско време) „е убиен еден, а пет лица се повредени, од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба“.

Во друг напад врз градот, девет лица загинаа, а 41 беа повредени“, истакна Сенкевич, додавајќи дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Поврзани новости