Гранати од Првата светска војна пронајдени во битолско

by Fokus

На 15.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во дворно место во с.Братиндол, битолско, била пронајдена неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била подигната и било констатирано дека станува збор за артилериска граната од 75мм од Првата светска војна.

На 15.11.2023 во 10.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп – Битола биле пронајдени две неексплодирани гранати. Грнатите биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Прилеп и било констатирано дека станува збор за гранати од Првата светска војна.

Поврзани новости