115
На планинска патека во атарот на охридското село Орман била пронајдена граната.
Случајот бил пријавен во СВР Охрид пред два дена (09.12.2023).
Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната М-57, која била безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.