Граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина, посака Пендаровски за 2020 година

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски во денешната новогодишната видео порака посака граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина во новата 2020 година.

-Во нашиот заеднички дом посакувам, пред сè, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество. Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година, истакна во честитката претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници. 

Поврзани новости