498
Платформа за граѓанска политика „АЈДЕ“ го поддржува и се приклучува на протестот против, како што велат од таму, срамната затворска пресуда на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски.
„Бруталниот, а воедно и кукавички акт на ноќното полициско приведување и спроведување во затвор на новинар, чија единствена „вина“ е професионалноста и кажувањето на вистината, уште еднаш го соголува начинот на владеење во Македонија“, соопштија од „АЈДЕ“.