511
Демонстрантите од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство директно се упатија кон претседателската резиденција која се наоѓа на Водно. Мотото на денешниот протест е „Шарената револуција не признава фикус аболиција“.
Граѓаните за првпат ќе отидат на гости пред домот на претседателот Ѓорѓе Иванов за да го потсетат дека едно од главните нивни барања е тој да ја повлече општата аболиција со која ги аболираше политичарите и нивни блиски соработници.