Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има двојно поголема доверба кај граѓаните во однос на премиерот Димитар Ковачевски, покажува анкетата на ИПИС.
На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети.
Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски.
Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.
Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.