595
Владата на вечерашната седница донесе уредба која предвидува дека граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот, соопштија од Илинденска.
Владата апелира до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини, со цел, како што посочуваат од таму, да не се создава гужва и чекање.
Премиерот Оливер Спасовски денеска во интервју за 24 вести, пак, им порача на македонските граѓани кои се наоѓаат надвор од државата дека ќе помогнат ако не се враќат сега во земјава.