Мнозинство од граѓаните сметаат дека најдобар е пропорционалниот изборен модел, со една изборна единица и отворени листи, покажала испитувањето на јавното мислење, спроведено од Мрежата за мултикултурно општество во периодот од 18-ти ти до 21-ви август, на примерок од 1.024 испитаници.
На прашањето со каков изборен модел подобро ќе бидат претставени интересите на граѓаните во собранието, 53,38 отсто одговориле дека се за пропорционален модел, додека пак 21,12 отсто претпочитаат мнозински модел.
Во однос на поделбата на изборните единици, 43,17 отсто се изјасниле за една изборна единица, 22,14 проценти за 3 изборни единици, а 29,08 отсто за 6 изборни единици.
Околу листите, пак, 43,72 отсто рекле дека поддржуваат отворени листи, додека 33,83 отсто избрале затворени листи.