Граѓаните немаат време за губење, сакаат нови патишта, вели Бочварски

by Fokus

Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека на 22-ри април е стартот на реализацијата на договорот, кога изведувачот започнува со изработка на проекти и урбанистички основни проекти со цел да започне постапка за експропријација на земјиштето коешто е приватно, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Ќе се изврши снимање теренот, на постоечката состојба на трасата и за тоа каде има подземни и надземни инсталации и дали ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба, да утврди постапката на геотехнички и геомеханички истражувања, бидејќи без такви квалитетни анализи кои и претходат на почетокот на градбата ќе имаме големи проблеми и одлагање на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект, кажа Бочварски.

Според него, се оди чекор по чекор се со цел да се изградат коридорите на време.

-Граѓаните немаат време за губење. Треба да ги прашаме граѓаните на Прилеп и Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид по каква инфраструктура сакаат да патуваат и дали таа инфраструктура треба да ја очекуваат во наредните 15-20 години или тоа треба да го направиме час поскоро, вели министерот.

Поврзани новости