Проект по проект, предизвик по предизвик, решенија за сите прашања од ова прогресивно, евро-американско, храбро и визионерско мнозинство. На долгогодишното чекање да отпочнеме да чекориме кон големото европско семејство денес му дојде крајот, истакна Артан Груби во соопштението испратено до јавноста.
„Денес ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години! Го изградивме вистинскиот пат како прогресивна сила за да му покажеме на западниот свет дека немаме друга алтернатива, освен Европската унија, а денес тоа го докажавме. Денеска ставивме крај и на надежите на регресивните проруски сили кои сакаа да ја дезориентираат земјата“, вели Груби.
Тој додава дека граѓаните денес му свртеле грб на протагонизмот за политички поени и не дозволиле да подпаднат на измамата и националистичката пропаганда на една апсурдна конфузија, а преку своите избраници во домот на демократијата го кажаа нивниот збор дека ја сакаат Европска Македонија.
„Заедно, достоинствено и со сите наши демократски капацитети ќе патуваме до конечното остварување на нашиот сон за интеграција. Ни претстои многу работа и одговорност, но со решителност, соработка, како и голема поддршка од земјите од ЕУ и САД ќе успееме заедно, додава првиот Потпретседател на Владата.