493
Граѓаните се најнезадоволни од работата на Министерството за здравство, покажува новата анкета на телевизијата „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка, презентирана вечерва во емисијата „Топ тема на ваша страна“.
На прашањето кое министерство најлошо ја работи својата работа, 18,2 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е Министерството за здравство.
На прашањето кое министерство најдобро ја работи својата работа, 9,3 отсто одговориле Министерството за надворешни работи. 50,6 отсто одговориле на знам/одбивам да одговорам.