Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од 8 мај до денеска граѓаните предале околу 13.500 парчиња оружје и околу 2.000 парчиња различни мински експлозивни направи.
Во градот Дуваниште, на изложбата на нерегистрирано оружје и муниција, тој рече дека меѓу оружјето предадено во полициските станици имало околу 1.750 различни рачни гранати и рачни фрлачи.
Вучиќ, кој заедно со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го обиколи предаденото оружје, им се заблагодари на граѓаните за одговорноста, како и на полицијата за вклученоста. Според него, граѓаните на полицијата и предале автоматски и снајперски пушки.
Тој порача дека државата мора да направи се за да ја зголеми безбедноста по две трагедии и дека тоа ќе се направи со помош на мерките Владата на Србија.
Граѓаните од 8 мај до 8 јуни можат да предадат нерегистрирано оружје и распрскувачки материи во најблиската полициска станица без никакви криминални или други последици.
Дозволено е и да повикаат полиција за преземање нерегистрирано оружје и мини експлозивни направи, а може да се предаде и легално оружје.
Во тој период, како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работти на Србија, граѓаните не мора да го докажуваат потеклото на оружјето. Оние кои нема да го сторат тоа до тој датум ризикуваат да бидат казнети поригорозно.
Акцијата беше покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.