Граѓаните на протест бараат санација на патот Струга – Ќафасан

by fokus

Жителите од околните струшки села излегоа на протест и го блокираа магистралниот пат Струга –Ќафасан барајќи реконструкција на овој патен правец кој е поврзан со Албанија.

Тие велат дека патот е многу небезбеден, а често се случувале и сообраќајни незгоди додавајќи дека со протестите не застануваат тука се додека не се реши овој проблем.

Инаку и во 2018 година жителите на околните села протестираа со блокада на патот, но нивниот протест и барања не наидоа на разбирање кај надлежните.

Поврзани новости