Граѓаните на Нова Каледонија гласаа против независноста од Франција; Макрон: Горд сум

by Fokus

На референдумот за самоопределување во француската прекуморска територија Нова Каледонија, 56,4 отсто од граѓаните гласаа против независноста, додека 43,6 отсто биле за отцепување, тамошната изборна комисија ги соопшти денес конечните резултати од гласањето.

Резултатот против независноста е поголем од прогнозата според претходните анкети.

Изборната комисија рече дека имало огромен одѕив на гласачите, 80,63 проценти.

Поврзани новости