На граѓаните на Англија ќе им биде достапно бесплатно тестирање на корона вирус два пати неделно, најави британската влада.
Бесплатно тестирање со брзи тестови досега беше достапно само за најранливите групи во пандемијата од коронавирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека тестирањето е многу потребно за да не се загрози досегашниот успех на британската кампања на вакцинација и постепеното попуштање на мерките.
-Откако ќе продолжиме со добар нпредок во нашата програма за вакцинација и со нашиот план за внимателно попуштање на мерките кои се во тек, редовното и брзо тестирање е уште поважно за да бидеме сигурни дека тие напори нема да бидат залудни, рече Џонсон.
„Затоа сега нудиме бесплатни брзи тестови за сите во Англија“, најави британскиот премиер и им порача на граѓаните дека тоа ќе помогне „за повторно да ги видат саканите личности и да уживаат во работите што ги сакаат“.
Тестот ќе може да се нарача на домашна адреса
Фирмите со повеќе од 10 вработени може да побараат брзи тествои за своите работници, а редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата. Поединци ќе може да се тестираат во локалните центри за тестирање или да нарачаат тест на домашна адреса.
Британија досега вакцинира повеќе од половина од возрасните граѓани со „АстраЗенека“ и со „Фајзер“, а отворањето на училиштата не доведе до пораст на заразата покрај зголеменото тестирање.
Џонсон во понеделник треба да претстави план за придвижување на економијата и нови правила за влез во земјата.
Додека повеќето од Европа повторно се затовра поради пораст на заразата од корона вирус, британскиот премиер трена да изнесе новини за планот на попуштање на мерките од идниот месец.
Обедиентото кралство е тешко погодено од пандемијата и со речиси 127.000 жртви од Ковид-19 има петти најголем број мртви во светот зад САД, Бразил, Русија и Индија.