Граѓаните масовно се собираат на плоштадот Славија во Белград

by vlatko 18:32
18:32

Илјадници граѓани во колони се собираат на плоштадот Славија во Белград, каде е закажан собир под слоганот „Се гледаме на Видовден“.

Како што пренесува Н1, центарот на градот е преплавен од луѓе кои се приклучуваат на повикот на студентите во блокада, а се забележува и засилено полициско присуство.

Според најавите, предвидено е да се одржи 16-минутен молк во чест на загинатите од падот на настрешницата во Нови Сад, по што ќе следат говори на учесниците и организаторите на собирот.

Денешниот протест следува откако студентите упатија барање од актуелната влада да распише вонредни парламентарни избори до Видовден, 28 јуни.

Второто барање е прекинување на митингот во Пионирскиот парк во центарот на Белград, каде што студенти кампуваат во последните три месеци, барајќи продолжување на универзитетската година.

Студентите во блокада најавија и доколку барањата не бидат исполнети до 28 јуни во 21 часот, очекуваат дека граѓаните ќе бидат подготвени да ги преземат сите постојни мерки на граѓанска непослушност.

Слични вести