Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека треба да ја заменат персонализираната електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност.
„Рокот на важност согласно одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје број 07-10504/1 од 22.12.2015 година изнесува 4 години од издавањето, дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот.
Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнесува 200 денари.
„Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка. Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација“, соопштија од ЈСП.