Граѓаните ќе ја плаќаат каматата за унгарски кредит за фирмите: Домашните банки не сакале да го поделат трошокот

by Fokus

Министерството за финансии и комерцијалните банки разговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор, откако е постигнат е договор за дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата која се јавува како посредник со цел да се охрабрат компаниите да инвестираат во земјава, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по брифингот со новинарите.

– Разговорите со банките ги почнавме некаде од месец август и од тогаш до денес сме имале состаноци, пред две недели го постигнавме договорот во насока на дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата, како што било впрочем и во минатото. Од 2011 година навака има многу кредитни линии коишто се поминати преку Владата, односно Министерството за финансии, дадени на приватниот сектор каде што субвенционирањето било од страна на државата. Ние пробавме да направиме обид со банките, барем да го поделиме тој трошок, но тие сметаат дека ризикот го преземаат, и тоа е така, ризикот го преземаат банките и за сметка на тоа нормално може да се појави некој ризичен кредит, затоа тие инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме, рече Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите.

Отворено е, додаде министерката, прашањето за рокот на отплата на кредитите, каде државата бара продолжување на роковите од седум на петнаесет години.

– Она што е како отворено прашање по кое што се уште разговараме, тоа е рокот на отплата. Ние баравме рокот на отплата да биде 15 години со вклучени 3 години грејс период, согласно интерни процедури и политики на банките. Тие имаат рокови на отплата од 7 до 10 години и оставивме простор тука да видиме како ќе се договориме во насока на тоа дали може да го продолжат рокот за отплата на кредитите, затоа што целата оваа суштина и ова учество на државата во одобрување на кредитите е токму насочено кон тоа да се одобрат кредити на приватниот сектор на еден подолг период, односно подолг период на отплата да има, затоа што сметаме дека така ќе се охрабрат уште повеќе кога ќе знаат дека во годината оптоварувањето е помало, ќе се охрабрат повеќе да инвестираат, тоа беше нашата идеја, посочи Димитреска-Кочоска.

O.K.

Поврзани новости