Граѓаните ќе добијат помош за сметките за струја

by Fokus

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес – конференција изјави дека ќе обезбедат помош за плаќање на сметките за електрична енергија на лица чии месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа за самец до мималец, за 2 члена до 18.000, до 3 члена до 21.000 и за 4 члена до 25.000 денари и за 5 члена и повеќе до 30.000 денари. Ова не се однесува за лица кои веќе примаат помош.

Помошта ќе биде во износ од 600 до 800 денари месечно. На располагање се 60 милиони денари, кои се наменети за оваа категорија на граѓани.

-Се проценува дека над 7.500 домаќинства ќе го остварат правото на финансиска поддршка, вели Бектеши.

Кажа дека имаат обезбедени доволни количини јаглен за ТЕЦ Осмолеј и РЕК Битола. Рестрикции на струја нема да има во земјава.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска соопшти дека струјата поскапува за 9,48 отсто.

Поврзани новости