Граѓаните им должат на банките 4,2 милијарди евра

by irena 12:25
12:25

Граѓаните и компаниите им должат на банките 8,357 милијарди евра од кои 4,220 милијарди е долгот на граѓаните, а 4,056 милијарди евра должат компаниите. Ова го покажуваат податоците на Народната банка за мај, според кои, вкупните кредити за еден месец пораснале за 1,1%, додека вкупните депозити за еден месец пораснале за 1,4%.

Истовремено банките располагаат 9,904 милијарди евра депозити на граѓаните и компаниите. Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра.

На годишно ниво растот кај кредитите изнесува 12,1%, а кај депозитите 12,2%.

Податоците покажуваат дека и овој месец на месечно и годишно ниво граѓаните најмногу се задолжувале преку потрошувачките и станбените кредити, каде што е забележан месечен раст од 1,2%, соодветно, при годишен раст од 9,6% и 14,4%.

Слични вести