Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален

by irena 12:27
12:27

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарност во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска за „Слободен печат“.

– Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, податоците од истите истражувања укажуваат на драстичен пад на поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ. Овој тренд е директна последица на нивната реална некапацитираност и некомпетентност во управувањето со ресорите. Граѓаните живеат се потешко, истакна Чупеска.

Таа потенцираше дека СДСМ не се води од импровизации и дека стратегијата за настап на локалните избори се темели на детални истражувања, сериозни анализи и демократски внатрепартиски консултации. Тоа е темелот врз кој се гради програмата, но и изборот на кандидати.

– СДСМ со посветеност и одговорност се подготвува за претстојните локални избори. Работиме темелно, стратегиски и координирано – и на терен и во аналитичкиот дел – со фокус на создавање на силна, конкретна и содржајна програма која ќе понуди решенија за најактуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во различни општини. Да имаме силен настап на локалните избори со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини. Во моментов СДСМ работи на составување на листа од професионалци за градоначалници – вклучително и за Скопје. со кои ќе излеземе на изборите и ќе ја вратиме довербата на граѓаните, рече Чупеска.

Слични вести