Граѓаните и малите потрошувачи заштедиле 15 отсто струја во последните три месеци

by fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти.

– Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 проценти заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата, потенцираше Бектеши.

Министерот посочи дека мерките за штедење ги даваат првите резултати, потенцираќи дека имаме повеќе од 15 отсто заштеда кај домаќинствата и кај малите потрошувачи, а тоа помага за справување со енергетската криза.

Поврзани новости