Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење има сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од Скопје. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и во Гази Баба, поради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Претпријатието апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури, а особено да избегнуваат непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуваат високи температури во наредиот период, повторно апелира до жителите на Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.