Одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид е сè уште на сила, граѓаните да се воздржат од купување на авионски билети, информира Министерството за транспорт и врски.
„Сè додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитарни и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници“, велат од министерството.
Надлежните апелираат до сите граѓани да не се изложуваат на дополнителни трошоци со резервации на авионски билети, сè додека не информираат дека патувањата ќе може да се одвиваат непречено.
„Затоа, граѓаните доследно да ги следат сите информации што се објавуваат од Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки“, апелираатбод министерството.