Граѓани се собрале пред Кривичен да му дадат поддршка на Жан Митрев

by fokus

Откако на минатото рочиште пред Кривичниот суд се собраа членови на семејствата на пациенти кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“, му извикуваа „Уааа“ и порачуваа дека се жртви на измама, денеска пред денешното рочиште се собрале група на граѓани кои му давале поддршка и бараа правда за обвинетиот лекар и неговата клиника.

Обвинението против Жан Митрев и болницата го поднесе Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје на 10 јануари 2023. Докторот се гони за кривичното дело измама (член 247, став 4 од Кривичниот законик), а е поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација.

Предметот на обвинението е прикривање на клучните факти за хемофилтрацијата, односно методот бил прикажуван онака како што не смее, дека е алтернатива за лекување од ковид, а всушност не е така. Тоа Митрев го правел и преку многубројни медиумски настапи кои ќе бидат дел од доказите.

Жан Митрев, пак, уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави документарец под наслов „Нечиста крв“, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Пред Основниот кривичен суд Скопје, денеска се собра група на граѓани во знак на поддршка и апел за правда на обвинетиот Жан Митрев, непосредно пред почетокот на насроченото рочиште.

Фото: МИА

Поврзани новости