Граѓани пред зградата на општина Звечан, КФОР зајакнува со бодликава жица

by Fokus

Пред зградата на општина Звечан, нешто пред 07 часот пристигнале голем број граѓани и бројката постојано се зголемува. Десетици од насобраните стојат во близина на Домот на културата, заедно со оградата засилена со жица што вчера во близина ја поставија припадниците на КФОР. Сепак, ситуацијата во моментов е мирна, јавува КоСсев.

Со граѓаните утрово се и лидерите на Српската листа, Игор Симиќ, Горан Ракиќ, како и Александар Спириќ. И денеска таму е лидерот на ГИ српски Опстанак, Александар Арсенијевиќ, пишува KoSSev.

За разлика од понеделникот, денеска на овој протест може да се забележат голем број жени, а болничките работници се облечени во бели мантили и униформи за брза помош.

Во исто време, денес нема лица со маски.

Од друга страна, полските припадници на КФОР ја зајакнуваат бодликавата жица што ја поставија вчера. Сега ја протегаа жицата по целата улица, па пред граѓаните прво има жица, монтажна ограда, а потоа членови на КФОР со опрема за разбивање демонстрации, јавуваат тамошните медиуми.

Војници со штитови стојат и на крстосницата – спроти самата општина.

За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се пооддалечени од припадниците на КФОР.

Поврзани новости