483
Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.
Кумановци повикуваат на блокада на патарината кон Скопје за да не се дозволи, како што се наведува во повикот, бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев.