Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
„Прочитав дека утре нема да има автобуси. Утре од 6:30 тргнувам од Лисиче и ќе возам кон Карпош. Во автомобилот имам четири слободни места. Доколку на некој му треба превоз во овој правец, нека ми пише каде да застанам да го соберам“, вели една жителка на градот.
Друга жителка напиша:
„Чекав автобус два часа. Утре одам на работа со такси. Релацијата на која одам е од Поликниката во Ѓорче, до Центар. Контактирајте ме ако одите во ист правец“.
Од синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во изјави за медиумите вчера информираа дека во Скопје сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда и во Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.
Веќе се најавени протести пред Град Скопје.