537
Руските сили денеска повторно извршија воздушен напад врз Мариупол, при што загина едно лице, соопшти Градскиот совет.
Како што е наведено на Телеграм каналот на управата на тој град во јужниот дел на Украина, нападот се случил во осум часот по локално време од авион, објавија украинските медиуми.
Според првичните информации, едно лице е убиено.
Според тврдењата на украинските власти, во вчерашниот воздушен напад на Мариупол била уништена детска болница, а загинале три лица.