Градоначалниците од Источна Македонија бараат датум за локални избори

by Fokus 19:06
19:06

Градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција бараат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да покрене измена на Изборниот законик за да се поместат локалните избори, објави агенцијата Мета.

Според нив, со ваквите измени ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Доколку ова не се случи, по 15-ти мај, сите нивните активности престануваат.

- Advertisements -

Во петицијата велат дека без измените нема да може да се одговара на барањата на граѓаните, да се управува со блок дотациите, преку кои плата земаат илјадници вработени во училиштата и градинките, ниту пак ќе има плата за општинската администрација, пишува Мета.

Во моментот, поради политичката криза и блокираната ситуација во парламентот, во општините веќе се јавуваат компликации при работата на општините.

Поврзани новости