Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, велат од СДСМ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ како и обично не работи ништо за граѓаните, нивните градоначалници се тешко разочарување, па затоа постојано сме сведоци на едни исти барања и предлози, реагираат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни неговите градоначалници, уплашен е од постојаниот пад на нивната поддршка па затоа со постојани барања за избори се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста“, се наведува во партиското соопштение од владејачката партија.

-Ставот на СДСМ е јасен и за една изборна, и за укинување техничка влада, и за менување на изборен модел, тој став не е променет, тоа се прави со широк консенсуз на сите партии. Додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, не работи ништо и зборува само за избори, ние како одговорна партија решаваме проблеми на граѓаните кои се соочени со глобална енергетска и здравствена криза, посочуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат ниту еден предлог за енергетската криза, туку единствено си го гледаат личниот интереси.

Поврзани новости