Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат Северна каде што ќе мораат

by fokus

Коментирајќи ги случувањата во Советот на општина Штип каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа Уверенија под името „Република Македонија“, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но исто така и ја разбира постапката на советниците.

-За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Ако е така, мислам дека одговорноста терба да се види во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот.
Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа.
Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези.
Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот.

На прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија, Јанушев вели ќе го прифатат каде што ќе мораат.

-Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос, вели Јанушев.

Поврзани новости