Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот, реагираат од опозициската партија.
„Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска.
Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски“се наведува во партиското соопштение.