На панел дискусијата на тема „Што наследија општините“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот и член на извршниот комитет на партијата Миле Лефков истакна дека откако СДСМ е на власт во државата се гради една култура на неказнивост, па затоа претходните градоначалници од редовите на СДСМ правеле сомнителни и коруптивни тендери.
Во Република на Македонија се гради една навистина култура на неказнивост на политички протекционизам и верувајте кога ние како опозиција говориме за корупцијата некој тоа ќе го сфати како единствен начин да се справите со политички опонент, меѓутоа, мора сите да разбереме дека функционирањето, перформансот и квалитетот на живеење во локалните самоуправи зависи од климата, која што ја имаме во државата.
На пример кога објавуваме и кога ги објавивме криминалните и сомнителни тендери кои што се гледаат во Општина Бутел, во Општина Гази Баба, во Општина Кисела Вода каде што гледате еден метален столб во висина од 4 метра се продава за 9.900 денари, а во истата техничка документација имате 10 понуди под него во кои што го имаат тој метален столб од 5 метри и од 8 метри, кој што чини само 1.8 денари. Е сега, првата работа кој секој би помислил е дека на овој начин алудираме на тоа што се оштетува буџетот а тоа е точно, меѓутоа ако ја погледнете корупцијата ќе видите дека никој не би дал понуда за метален столб од 5 метри од 1.8 денари ако не е сигурен дека градоначалникот нема да го нарача токму тој столб, истакна Лефков.