Градоначалникот на Битола, Владимир Талески имал фирма за снимање на филмови, видеофилмови и телевизиска програма.
Пред да стане градоначалник, уште на 30 август 2004 година, Талески заедно со уште еден висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и друг близок роднина на сопругата на премиерот Никола Груевски основале фирма „АРТ Медија“ – Мултимедијална продукција ДОО Битола.
Во основачкиот влог Талески со неговиот ортак вложиле по 305.000 денари, или вкупнo 610.000 денари.
Седиштето на фирмата било на улица „Бонде Скерлевски“ бр.4/4 станот каде што сега живее градоначалникот Владимир Талески, а кој пред тоа за адреса на живеење го приjавил станот на ул. „Димче Лахчански“.
Инаку, фирмата „Арт Медија“била активна до 21.04.2009 година кога Талески ја пуштил во стечај.
Ова денеска на прес конференција го соопшти советникот на СДСМ, Горан Козаров, кој притоа го постави прашањето колку пари од Општината и биле исплатени на фирмата, со која намера ја формирал и зошто завршила во стечај.
– Сите изминати 12 години Талески се однесува како режисер кој ни го креира животот на граѓаните. Тоа што тој во 2004 година формирал фирма за снимање филмови е само уште една потврда дека пред да стане градоначалник тој се подготвувал за тоа и затоа на битолчани сите изминати 12 години ни ја продаваше приказната за Битола филмски град, рече Козаров.
Инаку, управител на фирмата бил Љубомир Овчаровски, кој е пријавен на улица „Зборска“ бр. 6, каде што велат дека такво лице никогаш не живеело на оваа адреса.