Градоначалникот Села повторно ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

by Фокус

И оваа година градоначалникот Зијадин Села ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата, поради тоа што фестивалот, освен на македонски и на англиски, нема да биде отворен и на албански јазик.

-Не знам зошто би било проблем за нив тоа. Ако мислат дека е проблематично, не заслужуваат да ги водат Струшките вечери на поезија. Јас не гледам никаков проблем Струшките вечери да се отвораат на сите јазици на луѓето кои живеат во Струга, тоа значи македонски, албански, турски, влашки, ромски, од друга страна фестивалот да се води и на македонски и албански и англиски. Македонскиот и албанскиот јазик се два службеници јазика тука во Струга, изјави Села за Радио Слободна Македонија.

Тој додаде дека оваа ситуација го потсетувала на 20-те години на 20 век кога Кралството на Србија не прифаќало да се учи на албански јазик на овие простори.

Поврзани новости