Популарната српска турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша сепак пееше на општинската манифестација Роштиљада во Лесковац, и покрај петицијата на група на граѓани, кои собираа пари, со цел да ја исплатат и да не им доаѓа во градот.
И не само што пееше на градскиот плоштад, туку беше дочекана со сите почести и имаше свечен прием во кабинетот на градоначалникот Горан Цветановиќ – Фараон.
Кога минатиот месец Цветановиќ соопшти дека Карлеуша ќе настапува на 32-то издание на манифестацијата, граѓани започнаа петиција, да соберат 20.000 евра, колку што изнесувал нејзиниот хонорар, само таа да не настапува.
По нејзиниот концерт пред присутните во Лесковац, таа изјави дека оние кои биле против нејзино гостување, само и направиле добар маркетинг и им била благодарна поради тоа.
-Колку што знам, собрале околу 30.000 динари. Еве и јас ќе донирам уште нешто, само за да станат добри луѓе. Оваа манифестација е за народот, тој хонорар кој го добивам не е за мене, туку за мојот сценски настап.
Се што дал градот, пак ќе биде вратено во градот. Низ оваа манифестација минуваат 100.000 луѓе, кога секој од нив би оставил по едно евро во Лесковац, значи дека сме успеале – порача таа пред медиумите во Лесковац.
Градоначалникот пак, кажа дека со Јелена направиле добар избор, и градот бил полн со посетители од земјата и регионот.
-Сето ова го правиме за гостите да имаат добри впечатоци, и повторно да се вратат во нашиот град – изјави тој.
Покрај Карлеуша, на повеќедневната манифестација гостуваа и Весна Змијанац, Гоца Тржан, Рибља Чорба, Јелена Розга и други.
Вики Клинчарова