Градоначалникот на Вевчани има корона вирус

by Fokus

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски е позитивен на новиот опасен корона вирус. Тој информацијата доцна синоќа ја соопшти на социјалните мрежи.

„Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје“, напиша Јанкоски во објавата.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, активни на заразата во оваа општина моментално се 25 лица.

Поврзани новости