Градоначалникот на Центар негативен на Ковид 19

by Fokus

Градоначaлникот на општина Центар, Саша Богдановиќ е негативен на Ковид 19, информираше тој на својот фејсбук профил.

„Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за КОВИД-19 и дека тие се негативни. По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за КОВИД 19. Во изолација останувам до втор негативен тест. Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на КОВИД 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена. На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките! – напиша Богдановиќ. 

Поврзани новости