Градоначалникот на Сопиште ги посети жителите кои сами го чистеа снегот, вечерва стигнува механизација

by fokus

Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски вечерва ги посети станарите на комплексот згради „City View Condominium“, откако тие сами почнаа да го чистат патот завеан во снег.

Градоначалникот Трпковски им рекол дека вечерва ќе биде испратена механизација која ќе го исчисти патот и ќе фрли сол.

Освен повисокиот дел на Сопиште и Соње, состојбата е уште полоша во селото Патишка Река, каде има наврнато околу 80 сантиметри снег.

Поврзани новости